По завршувањето на основното училиште завршил и три класа гимназија. Бидејќи немал можност да го продолжи школувањето, се занимавал со шиење. Покрај тоа, се занимавал и со киноапаратерство. Од 1936 година работел во Рудникот „Цер“. Како работник во Рудникот уште nред Војната, се поврзал со Крушевската партиска организација, а со формирањето на Првата партиска организација во Кичево, во есента 1941 година. Нико бил нејзин член и работел во Комисијата за воени прашања и имал задача да ги организира селата. Успеал да организира партиски живот во селото Карбуница во пролетта1942 година. Од Местниот комитет бил задолжен да работи со малцинството во градот, а летото 1942 година, како секретар на основната организација во градот, работел со албанското малцинство. Во пролетта1943 година станал член на Местниот комитет на КПМ за Кичево, а потоа стапил во редовите на Првиот кичевско-мавровски партизански одред. Со Одредот учествувал во повеќе акции, а со формирањето на Првата македонско-косовска бригада станал и нејзин борец. Со Бригадата заминал на познатиот марш низ Егејска Македонија, каде учествувал во пробојот на Богомила. Со група борци, отсечени од главнината, дошол во Македонски Брод и барајќи засолниште, биле фатени и стрелани од Бугарите на 12 февруари1944 година.[1]
Во неговиот роден град со неговото име е именувано едно Културно уметничко друштво,[2] како и една улица во градот.[3]