Скопска Црна Гора — средновисока планина во северниот дел на Македонија. Се издига помеѓу Скопската Котлина од југ, Кумановската Котлина од исток, Гниланската од север (во Косово) и долината на река Лепенец од запад. Планината се протега во правец ЈЗ-СИ, со највисок врв Рамно (1.651 м). Останати повисоки врвови се Соколовец и Душановец. Настаната е со раседнување. Составена е од кристалести шкрилци и еруптивни карпи, преку кои лежат мезозојски карпи и терциерни седименти. Со долината на Липковска Река подделена е на два дела: западен повисок и источен понизок познат под името Карадак. На Скопска Црна Гора се наоѓаат изворишта на поголем број речни текови. Целиот крај околу планината понекогаш се вика Црногорија и е многу богат со цркви и манастири, на пример манастирите Матејче и Свети Ѓорѓи на источната страна и манастирите Свети Архангел и Света Богородица на западната страна.[1]
Потекло на името
Не е познат периодот од кога оваа област се нарекува со своето денешно име или назив со кој се именува, меѓутоа се смета дека за првпат била спомената во XIII век кога бугарскиот цар Константин Асен ги оставил селата во својата задужбина, потоа Црна Гора повторно се споменува во 1300 г., во повелбата на кралот Милутин во црквата Свети Ѓорѓи во Скопје. Во XV век Црна Гора е спомената во житието на деспотот Стефан Константин Филозоф.
Турците по освојувањето на Скопје го превеле името од Црна Гора во името во Кара-Даг, и овој израз сè уште може да се најде во употреба до ден денес.[2]
св. Никита — Горњане, повеќето манастири се со старосна граница од XIV век па нагоре.
Во повеќето манастири може да се ноќева, односно манастирот овозможува престој од една ноќ доколку има потреба за истото, а такви се: Св. Никита, Св. Архангел, Св. Илија итн.
На територијата на Скопска Црна Гора има четири основни училишта, и тоа во с. Мирковци - ОУ. „Александар Урдревски“ потоа како подружница на ОУ Александар Урдаревски- с. Мирковци е ОУ „Александар Урдревски“ во с. Блаце - (албанска паралелка) с. Кучевиште ОУ. “ Кирил и Методиј“ (со српска паралелка- односно се изучува материјата за ОУ на српски јазик) и како негова подружница е ОУ „Кирил и Методиј“ - с. Побожје - со паралелки од прво до 4- то одделение.
Дијалектот на кој зборуваат мештаните од населените места на Скопска Црна Гора всушност се смета за посебен дијалект во македонскиот јазик и е во рамките на групата на западни дијалекти од северното наречје. Скопскоцрногорскиот дијалект е сличен со вратничкиот дијалект, а негова главна одлика е зачестената употреба на предлогот у, замена на самогласката а со самогласката у и користење интервокално в.
Фонолошки одлики
употреба на самогласката а наместо е: трева > трава ;
употреба на ă наместо јерот: лаже > лăже ;
употреба на у наместо црковномакедонското ОН: пат > пут
Морфолошки одлики
употреба на интервокално В
непчаното Ј пред буквата Е на почеток на збор: јазик > језик
согласната група мн е заменета со согласната група мл: многу > млогу
употреба на предлогот у: во град > у град
Туристички места
Покрај природните убавини и планинскиот масив неизбежно е да не се споменат туристичките места и локаци за рекреативен одмор, освен во манастирските комплекси и во нивната непосредна близина, во туристички места се вбројуваат и:
Како територија што изобилува со бројни цркви и манастири неизбежно е да се изостават деновите на нивното празнување, на територијата се празнуваат празниците на присатните светци како еден вид на панаѓур, кои имаат бројна посетеност и скоро сите се во траење од два дена.
Имено, како прв панаѓур или народно познат како вашар, започнува на 26. јули, односно празнувањето на празникот и името на светецот е во чест на Св. Архангел Михаил во с. Кучевиште, тој секогаш започнува со празнување еден ден пред празникот односно на 25. јули ноќта, кога се јавува бројна посетеност од околните села и населби. Следен таков панаѓур е празникот на св. Илија кој се празнува на 1. и 2. август, почнувајќи од 1-ви вечерта која се празнува во манастирот св. Илија во Чардак, додека на 2. август се празнува исто празникот на светецот св. Илија но на друго место односно во с. Бањане. Следен таков празник е празникот за 27, и 28 август кога се празнува празникот на Голема Богородица, во манастирот Св. Богородица во с. Бањане, потоа на 11. септември се празнува празникот Св. Јован во с. Бањане каде што манастирот дава ручек за присутните, 21. септември Мала Богородица во с. Мирковци (Чардак), се дава ручек, потоа св. Никита 28. септември во с. Горњане итн.