Михајле М. Дукоски ( 1921 во Лупште, Македонски Брод — 1944 во Лешок, Тетовско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
Бил доселен во селото Туин, каде бил оженет и живеел како домазет. По занимање бил земјоделец. Во 1943 година активно работел во Народноослободителниот одбор, а потоа се приклучил во единиците на НОВ на Македонија во Томино Село - Бродско во Косовскиот баталјон. Во 1944 година учествувал во завршните борби за ослободувањето на Гостивар и Тетово. Загинал во ноември 1944 година кај селото Лешок, Тетовско.[1]
Поврзано
Наводи
- ↑ 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 54.