Видмар студирал филозофија и литература на повеќе европски универзитети, а дипломирал во Љубљана. Во времето на Првата светска војна бил во заробеништво во Русија. Бил долгогодишен драматург на Народно казалиште во Љубљана (1934–1942), по што преминал во илегалност. Бил еден од основачите на Освободилна фронта во својот дом (27 април 1941), член на Извршниот одбор и потоа претседател (14 јануари 1943 – 27 април 1953). Бил присутен делегат на Второто заседание на АВНОЈ, претседател на СНОС (од февруари 1944), претседател на Соборот на народите на Народното собрание на ФНРЈ (1945–1953), претседател на Президиумот на Народното собрание на Словенија и член на Президиумот на Сојузното народно собрание (до 1952). Неколку години бил редовен професор по теорија на драмата (1945–1950), а потоа директор на Институтот за литература при САНУ (1950– 1964). Бил избран за почесен доктор по книжевност на Љубљанскиот универзитет (1966), редовен член на Словенечката академија на науките и уметностите, член на МАНУ надвор од работниот состав (25 јули 1969) и на сите академии на науките и уметностите во Југославија. Преведувал од англиски, руски и француски јазик. Неговата библиографија има 784 библиографски единици.[1]