Прналија (понекогаш именувано како Парналија) — село во областа Јуруклак, во Општина Карбинци, сместено во околината на градот Штип.
Географија и местоположба
Ова село се наоѓа во областа Јуруклак, во јужниот дел на територијата на Општина Карбинци, а на северозападните ограноци на планината Плачковица.[2] Селото е планинско, на надморска височина од 980 метри. Од градот Штип е оддалечено околу 22 километри.[2]
Атарот е мал и зафаќа простор од 4,6 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 299 хектари, на пасиштата отпаѓаат 100 хектари, а на обработливото земјиште 58 хектари.[2]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Турци.[5]
Селото е мало и во неа живее исклучиво турско население. Во 1961 година селото броело 108 жители, додека во 1994 година бројот се зголемил на 148 жители.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Прналија живееле 197 жители, сите Турци.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 161 жител, од кои 149 Турци и 12 лица без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Селото влегува во рамките на Општина Карбинци, која била една од ретките општини кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така се наоѓало во Општина Карбинци.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Штип. Селото припаѓало на некогашната општина Штип во периодот од 1957 до 1965 година. Во периодот од 1955 до 1957 година селото се наоѓало во рамките на тогашната општина Радање.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Радање, во која покрај селото Прналија, се наоѓале и селата Вртешка, Голем Габер, Ебеплија, Јунузлија, Калапетровци, Калаузлија, Кепекчелија, Кошево, Курфалија, Кучилат, Кучица, Мал Габер, Мичак, Муратлија, Никоман, Оџалија, Почивало, Радање и Шашаварлија. Селото било дел од некогашната Општина Кучица во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Вртешка, Ебеплија, Кучица, Мичак, Муратлија и Прналија.
Избирачко место
Во селото се наоѓа избирачкото место бр. 2328 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште. Во избирачкото место се опфатени селата Вртешка, Ебеплија и Прналија.[12]
↑„Попис на Македонија“(PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 14 февруари 2021.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN978-608-65143-2-7.