Поглед на местото на некогашното село
Џумалија — историско село во областа Јуруклак, денес во атарот на селото Калаузлија, Општина Карбинци, Македонија. Денес, во месноста има обработливи површини.
Селото се наоѓало во областа Јуруклак, на северозападните ограноци на планината Плачковица, во денешниот атар на селото Калаузлија.
Во XIX век, Џумалија било село во Штипската каза на Отоманското Царство.
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото имало 140 жители, сите Турци.[2]
Според Димитар Гаџанов, во 1916 година во селото живееле 141 жител, сите Турци.[3]