Ова мало село се наоѓа во областа Јуруклак, во јужниот дел на територијата на Општина Карбинци, а на југозападните ограноци на планината Плачковица.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 450 метри. Од градот Штип е оддалечено 13,5 километри.[2]
Атарот зафаќа простор од 7,4 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 359 хектари, на шумите отпаѓаат 180 хектари, а на обработливото земјиште 101 хектар.[2]
Селото, во основа, има полјоделско-шумарска функција.[2]
Селото влегува во рамките на Општина Карбинци, која била една од ретките општини кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така се наоѓало во Општина Карбинци.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Штип. Селото припаѓало на некогашната општина Штип во периодот од 1957 до 1965 година. Во периодот од 1955 до 1957 година селото се наоѓало во рамките на тогашната општина Радање.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Радање, во која покрај селото Голем Габер, се наоѓале и селата Вртешка, Ебеплија, Јунузлија, Калапетровци, Калаузлија, Кепекчелија, Кошево, Курфалија, Кучилат, Кучица, Мал Габер, Мичак, Муратлија, Никоман, Оџалија, Почивало, Прналија, Радање и Шашаварлија. Селото припаѓало на Општина Радање во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Голем Габер, Јунузлија, Калаузлија, Кепекчелија, Кучилат, Курфалија, Мал Габер, Оџалија, Радање и Таринци.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 2327 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на приватна куќа.[12]
↑„Попис на Македонија“(PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 25 јануари 2021.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“