Поглед на местото на некогашното село
Сејдилија (познато и како Севделија[2]) — историско село во областа Јуруклак, денес во атарот на селото Оџалија, Општина Карбинци, Македонија. Денес, во месноста има пасишта.
Селото се наоѓало во областа Јуруклак, на северозападните ограноци на планината Плачковица, во денешниот атар на селото Оџалија. Под местото на север поминува Козјачка Река, месно позната како Коџа Дере.
Во XIX век, Сејдилија било село во Штипската каза на Отоманското Царство.
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Сејдили имало 50 жители, сите Турци.[3]
Според Димитар Гаџанов, во 1916 година во селото (Сејдиллиј) живееле 86 жители, сите Турци.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 10 до 25 Турци.[5]
Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!