Ова мало село се наоѓа во областа Јуруклак, во крајниот југоисточен дел на територијата на Општина Карбинци, а на северозападните ограноци на планината Плачковица, припаѓајќи на групата потпланински села.[2] Селото е планинско, на надморска височина од 770 метри.[2] Од градот Штип е оддалечено околу 30 километри.
Атарот зафаќа простор од 12,1 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 585 хектари, на пасиштата отпаѓаат 230 хектари, а на обработливото земјиште 189 хектари.[2]
Население
Население во минатото
Година
Нас.
±%
1948
322
—
1953
303
−5.9%
1961
84
−72.3%
1971
97
+15.5%
1981
119
+22.7%
Година
Нас.
±%
1991
136
+14.3%
1994
125
−8.1%
2002
119
−4.8%
2021
140
+17.6%
Според Димитар Гаџанов, во 1916 година во селото живееле 86 жители, сите Турци.[3]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Турци.[4]
Селото е мало, но со пораст на населението. Така, во 1961 година броело 84 жители, додека во 1994 година бројот се зголемил на 125 жители, турско население.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Кучица живееле 119 жители, сите Турци.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 140 жители, од кои 128 Турци и 12 лица без податоци.[6]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Селото влегува во рамките на Општина Карбинци, која била една од ретките општини кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така се наоѓало во Општина Карбинци.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Штип. Селото припаѓало на некогашната општина Штип во периодот од 1957 до 1965 година. Во периодот од 1955 до 1957 година селото се наоѓало во рамките на тогашната општина Радање.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Радање, во која покрај селото Кучица, се наоѓале и селата Вртешка, Голем Габер, Ебеплија, Јунузлија, Калапетровци, Калаузлија, Кепекчелија, Кошево, Курфалија, Кучилат, Кучица, Мал Габер, Мичак, Муратлија, Никоман, Оџалија, Почивало, Прналија, Радање и Шашаварлија. Селото било седиште на некогашната Општина Кучица во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Вртешка, Ебеплија, Кучица, Мичак, Муратлија и Прналија.
Избирачко место
Во селото се наоѓа избирачкото место бр. 2331 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[11]
↑„Попис на Македонија“(PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 10 февруари 2021.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN978-608-65143-2-7.