Под Градиште — археолошко наоѓалиште во поречкото село Слатина. Претставува некропола од доцноантичко време и е откриен случајно при изградбата на патот, непосредно покрај левиот брег на Слатинска Река, каде е откриена засводена гробница, ѕидана од камен, бигор и тули, а од внатрешната страна убаво малтерисана, во која имало четири скелети поставени во правецот југоисток-северозапад. Од гробни прилози се најдени еден добро зачуван керамички сад и сребрена обетка од типот „со кошничка“. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Прилеп.[1]
Поврзано
Наводи