Грамада — археолошко наоѓалиште во Македонски Брод. Претставува населба и некропола од доцноантичко време. Се наоѓа на северниот раб на градот, каде што се проширува населбата, кога при изградбата на новите куќи се откриени темели од стари објекти. Се среќава голем број фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди. На северниот крај од теренот се најдени гробови градени од камени плочи.[1]
Поврзано
Наводи