Рајчица — археолошко наоѓалиште во Македонски Брод. Претставува базилика од старохристијанско време и некропола од раниот среден век . Се наоѓа во северниот дел на градот, на левиот брег на реката Треска, кој е алувијална тераса (КП 544), каде при копање на темели за изградба на еден објект биле откриени два гроба. Во осумдесеттите години на XX век со заштитните археолошки интервенции биле откриени уште 9 гроба од типот циста и поголем дел од апсида на базилика. Во еден од грбовите е најдена обетка во вид на кошничка. Наодите се чуваат во Музејот на Македонија во Скопје.[1]
Поврзано
Наводи