Падиште — археолошко наоѓалиште во поречкото село Модриште. Претставува населба од доцноантичко време. Се наоѓа источно од селото, на високо зарамнето плато, кое зафаќа поголема површина, каде се гледаат темели од објекти и многу грамади од кршен камен. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди. Неколку питоси се чуваат кај сопствениците на нивите.[1]
Поврзано
Наводи