Во Селото — археолошко наоѓалиште во поречкото село Модриште. Претставува населба и некропола од доцноантичко време. Се наоѓа во самото село, односно при изградбата на селските куќи се откриени темели од стари објекти и повеќе питоси. Некрополата е пронајдена на источната периферија на селото, каде што се откриени неколку гробови градени од големи камени плочи. Исто така, во селото се пронајдени и повеќе монети кои се чуваат кај жителите.[1]
Поврзано
Наводи