Дрење — археолошко наоѓалиште во поречкото село Девич. Претставува населба од римско време. Се наоѓа на околу 500 метри јужно од селото и десно од патот што води кон Девини Кули, на пространа тераса од 150 × 80 м, каде има множество фрагменти од покривни ќерамиди, а наместа и фрагменти од керамички садови и питоси. Според кажувањето на жителите, при орањето на нивите откривале темели од објекти.[1]
Поврзано
Наводи