Засечишта — археолошко наоѓалиште во поречкото село Здуње. Претставува населба од средниот век. Се наоѓа на 1 км источно од наоѓалиштето Бошевци на надморска висина од 750 метри. Се смета дека тука било средновековното селце Сечен Камен кое припаѓало на Андреашкиот манастир на реката Треска. Тука денес на заравметото плато во истоименото место се распознаваат темели од некогашната населба која егзистирала тука.[1]
Поврзано
Наводи