Св. Недела — археолошко наоѓалиште во поречкото село Здуње. Претставува црква и некропола од среден век. Се наоѓа на околу 4 км северно од селото, високо над левиот брег на реката Треска во подножјето на ридот Булуноец, каде се наоѓаат остатоци од мала еднокорабна црква (Црква „Св. Недела“). Зачувани се јужниот и северниот дел на источниот ѕид, граден од кршен камен и добро обработен бигор. Северно од црквата се гледаат камени плочи од гробни конструкции со насоченост исток-запад. Во 1998 година биле вршени археолошки истражувања кога во новооткриената некропола биле истражени 11 гробови. Гробовите имаат форма на циста од обработени камени блокови. Некрополата најверојатно му припаѓала на средновековното селце Орлов Крст.[1]
Поврзано
Наводи