Кадиново или Кад(и)ино Село (грчки: Γαλατάδες, Галатадес; до 1926 г. Καδίνοβο, Кадиново[2]) — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, денес во општината Постол на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 1.858 жители (2011). Сè до 1924 г. било населено исклучиво со Македонци, а денес е мешано, но со извесно македонско мнозинство.[3] Во минатото селото го имало и алтернативното турско име Сујукли.
Селото е сместено на рид во Солунското Поле, 14 км западно од Ениџе Вардар (Пазар) и 25 км југоисточно од Воден.
На почетокот на ΧΧ век Кадиново било село во Ениџевардарска каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Кадијно Село (Суќутли) имало 248 жители Македонци и 60 Роми.[4][5]
Во Кадиново работела грчката пропаганда. Целото село било под врховенството на Цариградската патријаршија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Кадиино (Kadiyno Selo) имало 336 Македонци под патријаршијата и во селото работело грчко училиште.[4][6] Прв учител во грчкото училиште бил Христос Думис. Семејствата Стојанидис и Харисиадис зеле учество во грчката вооружена пропаганда против Македонците. Од Кадиново е таткото на гркоманскиот капетан Гоно Јотов.
Училишниот инспектор во Кукушката околија Никола Хрлев 1909 г. напишал вза селото:
Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, во периодот пред Балканските војни селото се состоело од 65 македонски куќи.[3]
По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 337 жители, кои во 1920 г. се накачиле на 390.[3] Во 1924 г. властите принудно иселиле 38 жители во Бугарија и довеле грчки колонисти од Источна Тракија и Мала Азија, за кои изградиле нови жиевалишта. Во 1926 г. селото е преименувано во Галатадес. Според пописот од 1928 г. селото имало 848 жители,[3] од кои биле 368 грчки дојденци (98 семејства), а остатокот Македонци.[8] Со пресушувањето на Ениџевардарското Езеро во 1930-тите, дел од жителите на соседното македонско село Плугар се доселиле во Кадиново.
Во 1940 г. во Кадиново се попишани 1.286 жители, додека пак според статистиката на НОФ во 1947 г. селото имало вкупно 1.218 жители од кои 700 Македонци и 518 грчки дојденци. Бројот на жители продолжил да расте во следните десетлетија. Македонците и денес се нешто побројни од дојденците.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Бидејќи е полско и земјиштето во голем дел се наводнува, селото важи за многу богато. Главни производи се пченицата, пченката, памукот, овошјето и друго, а селото е познато и по производството на шпаргли. Сточарството е застапено со одгледувањето на млечни крави и друг добиток.[3]