Селото е сместено во Солунското Поле, во подножјето на планината Пајак. Се наоѓа на 13 км северозападно од градот Пазар (Ениџе Вардар).
Историја
Во Отоманското Царство
На почетокот на XX век К’шлар е забележано како етнички мешано село во Ениџевардарската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. К’шларъ (К’салар) броел 450 Турци и 60 Македонци.[4][5] Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, во периодот пред Балканските војни селото се состоело од 100 турски и 9 македонски куќи.[6]
Во Грција
По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 511 жители, а во 1920 г. имало 526 лица.[6] Турското население е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а малубројните Македонци се прибрале по околните македонски села.[6] На нивно место властите довеле грчки колонисти од галиполските села Вајро (Баирќој) и Пергаз (Дегирмендузу).[7] На пописот од 1928 г. селото се води како чисто дојденско, со 596 жители од 136 семејства.[8]
Во 1940 г. селото достигнало 655 жители. По еден повраток, бројноста подоцна опаднала.[6]
Население
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година
1940
1951
1961
1971
1981
1991
2001
2011
2021
Население
655
564
645
491
506
501
417
404
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија