Којуноглу — поранешно село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Постол на Постолскиот округ во Централна Македонија, Грција.
Селото се наоѓало јужно од В’дришта.[1]
Во XIX век селото било мал чифлик. Во 1888 г. во него живееле 4 македонски семејства.[1] Истата година селото Којуноглу се распаднало, а неговите жители се преселиле во В’дришта.[2]