Селото е сместено во областа Бојмија, во северозападниот крај на Солунското Поле. Лежи 10 км североисточно од градот Пазар (Ениџе Вардар), по патот за Гуменџе.
Историја
Во Отоманското Царство
Во XIX век Литовој е заведен како чисто македонско село во Ениџевардарската каза. Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович („Очерк путешествия по Европейской Турции“) го опишал Литово како македонско село.[4][5]
Според Николаос Схинас во средината на 1880-тите Литовој (Λιτοβώη) — село с 25 християнски семейства.[6]
Училишниот инспектор Никола Хрлев во 1909 г. напишал за селото:
„
Литовој, 15 /III, 1 ч. од Дамјан. 30 македонски егзархиски куќи, чифлик. Се занимаваат со земјоделство, лозарство и бубарство. Црквата е отворена; во нејзина сопственост има мала дабова корија и 2 погона ниви. Селото се откажало од Патријаршијата пред статусквото и училиштето не се затворило. Училиштето е приватна куќа — земјанка, без таван, темно. Пред три години селаните почнале да градат училишна зграда, но бегот ги спречил.[7][11]
“
По податоци на егзархијата, во 1910 г. Литовој било чифлигарско село со 197 жители Македонци од 43 семејства и една црква.[7][12]
Во 1910 г. Халкиопулос напишал дека во селото (Λιτοβόι) имало 250 егзархисти.[6][13]
Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, во периодот пред Балканските војни селото се состоело од 35 македонски куќи.[6]
Во Грција
Во 1912 г. Литовој е заведен како село со хиристијанска и муслиманска вероисповед и македонски јазик, што значи дека во меѓувреме тука се доселиле некои муслимани (веројатно Роми). По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 220 жители (128 мажи и 92 жени),[6] а во 1920 г. се намалило на вкупно 193 жители.[3] Во 1924 г. сето население е протерано во Бугарија, претежно во Патреш, Великотрновско,[14], а на негово место се населени грчки колонисти. Истата година муслиманските жители се иселени во Турција.[6] Во 1928 г. селото е претставено како чисто дојденско со 471 жител од 132 семејства.[15]
Во 1940 г. селото пораснало на 552 жители, но за време на Граѓанската војна селаните биле повлечени во полето, и доста од нив не се вратиле и Литовој, туку се иселиле во поголемите градови и во странство; затоа оттогаш има повеќе од двојно помалку жители. Во 1954 г. селото е преименувано во Лептокарија, што во превод значи „леска“.
Население
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година
1940
1951
1961
1971
1981
1991
2001
2011
2021
Население
552
215
334
216
213
204
215
187
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Гоно Васков — претседател на селскиот комитет на ВМРО[16]
Христо Јапаџиев (Ичко Паџиев) — бегалец во Патреш, при кавга застрелал месни момчиња, па се преселил Свети Влас и станал член на ВМРО. Се вратил во Македонија; учествувал во организирањето на Воденскиот баталјон на Ѓорѓи Димчев во 1944 г. и бил командант на воениот логор. До крајот на животот живеел во Р Македонија[17].
Стојан Бабин — деец на месниот комитет на ВМРО
Христо Аризанов — деец на месниот комитет на ВМРО[18]
Поврзани со Литовој
Иван Бабев (р. 1947) — историчар во Бугарија, чии родители се преселници од Литовој
↑Бабев, Иван, „Македонска голгота – Спомени и изповеди от Ениджевардарско“, ТАНГРА ТанНакРа ИК, София 2009 г., стр.528
↑Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 102-103.
↑Хърлев, Никола (1998). Рапорт по ревизията на селските български училища в Ениджевардарската кааза през м. март 1909 г. – Во: Извори за българската етнография, том 3: Етнография на Македония. Материали из архивното наследство. София: Македонски научен институт, Етнографски институт с музей, Академично издателство „Проф. Марин Дринов“. стр. 85.
↑Шалдев, Христо. Областта Боймия в Югозападна Македония. Македонски преглед, 1930, 6:1, стр. 61–69.
↑Χαλκιόπουλος, Αθανάσιος (1910). Εθνολογική στατιστική των βιλαετίων Θεσσαλονίκης και Μοναστηρίου. Αθήναι.
↑Бабев, Иван, „Македонска голгота - Спомени и изповеди от Ениджевардарско“, ТАНГРА ТанНакРа ИК, София 2009 г., стр.271