Лажичари или Л’жичари — поранешно село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Постол на Постолскиот округ во областа Централна Македонија, Грција.
Географија
Селото било чифлик кој се наоѓал во подножјето на планината Пајак, северно од градот Пазар. Лежело меѓу селата Крушари и К’шлар.[1]
Историја
На почетокот на XX век Лажичари било село во Ениџевардарската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Лажичари (Лъжичари) имало 80 жители Македонци.[2][3]
Селото силно настрадало во Илинденско востание и летото 1903 г. неговите жители се преселиле во Крушари.[1]
Наводи