Јановени (грчки: Γιαννοχώρι, Јанохори; до 1927 г. Γιαννοβαίνη, Јановени[2]) — село во Нестрамско, Егејска Македонија, денес во општината Нестрам во областа Западна Македонија, Грција. Лежи мошне блиску до границата со Албанија и сè до неговото иселување било населено исклучиво со Македонци.[3][4]
Селото се наоѓа во областа Нестрамкол, на 32 км југозападно од градот Костур. Лежи во јужното подножје на планината Алевица, по која оди грчко-албанскат граница. Крај селото тече реката Белица,[5] десна притока на Бистрица, која денес во Грција се поимува како почеток на Бистрица.
Главна знаменитост на селото е црквата „Успение на пресв. Богородица“. Селото се дели на три маала – Горно, Средно и Долно.[6]
Во 1791 г. некои од жителите на Јановени, заедно со Омотско, соседните Слимница и Орешец и други се преселиле во Брацигово (Бугарија) поради притисоци од страна на албанското население.[7]
На крајот на XIX век Јановени било големо македонско село, центар на петте села наричани „јановенски“ — Слимница, Пилкати, Јановени, Калевишта и Омотско.[4][8][9] Жителите се занимавале претежно со печалбарство во Грција. Во Јановени е роден Кирко Арнаудов, основоположникот на родот Вазовци (на кој припаѓа бугарскиот преродбеник Иван Вазов), преселен во Сопот на крајот од XVIII век за време на Али-паша Јанински.[10][11] Во 1868 г. е изградена првата училишнта зграда, а претходно свештениците држеле часови во црквата или во изнајмени простории.[8]
На почетокот на XX век селото имало 80–100 куќи и 550 жители.[6] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Јановени имало 490 жители Македонци и малку арнаути христијани.[12]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Јановени е чисто македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 40 куќи.[13]
Целото население било под врховенството на Цариградската патријаршија и биле под силен удар на грчката пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Јановени имало 448 Македонци под патријаршијата и работело грчко училиште.[3][14] Во училиштето предавал јановенецот Анастасиос Сјукас, образуван во Битолската грчка гимназија.[15]
Селото ги поддржувало грчките чети за верме на Грчката вооружена пропаганда во Македонија. Декци на грчкиот комитет биле В. Сидеров, П. Качамаков, Никола Симов, Н. Хаџиев и попот Христо Чалдиков.[8] На почетокот на XX век на ова подрачје дејствувала албанската чета на Сали Бутка, кој собирал пари и добиток од Јановени, Пилкати, Слимница и Тухол.[16]
Според Георги Константинов Бистрицки, пред Балканските војни Јановени имало 120 македонски куќи.[3][17] Боривое Милоевиќ (Јужна Македонија“) за приближно истиот период вели дека Јановени се состои од 80 македонски куќи.[18]
За време на Првата балканска војна на 11 ноември 1912 г. грчката армија влегла во Костур, а турската се повлекла кон Горица (Корча). Во Тухол пристигнала 50-члена чета на чело со Димитрис Кордистас, която има за цел да опожари муслиманските села Чаир, Загар и Фуша и успеал да го запали Чаир. Меѓутоа, во Загар пристигнал Сали Бутка со двајцата синови и четата од 200 души, настапил кон Чаир, а потоа кон Тухол. Еден дел од четата на Кордистас зазела позиции на височината Ај Танаси за да го брани Тухол. Бутка ај раздвоил четата на две — едната кон Тухол по реката, а другата низ Кула - Дервент - Тодоро. Втората чета била пресретната од одред на Јован Котронов (Јоанис Котронис) од Јановени, кој ја напуштил работата во Арта и основач чета од околните села. Во борбата убиени се Котронов и уште тројца негови четници, а Албанците влегле во Тухол и делумно го запалиле. На помош на селото дошла чета од Котелци, на чело со Јотас Јоргос, која заедно со четниците на Ај Танаси ги протерала Албанците на Бутка. На 2 декември грчката армија ги разбила турските единици кај Смрдеш и V Дивизия напреднала кон Шак. Капетаните Никола Белов и Суљо во Јановени се обиделе да му дадат отпор на Бутка, но жителите на Јановени, Слимница и Пилкати пребегнале во Калевишта и Нестрам. Албанците на Сали Бутка и жители на Видово влегле во Јановени на 3 и 4 декември и го опљачкале. По ова, жителите на албанските села Загар и Фуша пребегнале во Ерсека, а грчката војска влегла во Јановени.[8][16][19][20]
По Втората балканска војна во 1913 г. влегло во состав на Грција. Таа година населението броело 436 жители.[4] Во 1917 г. тоа станало општина во која влегле Омотско, Тухолските Ливади и Загар.[8] Во 1920 г. во селото се попишани 416 жители.[4] Во 1924 г. учителот Анастасиос Сјукас го основал Јановенското напредно друштво, кое имало за цел да изгради ново училиште. Убавата нова зграда е изградена во 1926 г. од мајстори од Калевишта и во мај 1928 г. во неа учеле 94 ученици, а в детската градинка имала 25 деца.[8] Сјукас напишал книга „Кратка историја на Јановени, Пилкати, Слимница, Калевишта и Тухол“, издадена во 1970 г.[8][21]
Во 1927 г. селото е прекрстено во Јанохори (во превод Јанево село). Во 1928 г. селото имало 481 жители.[4] При избунувањето на Грчко-италијанската војна 1940 г. селаните се евакуирани во Нестрам.[8] По одбивањето на италијанските единици на албанска територија, населението се вратило.[8] За време на окупацијата во Втората светска војна летото 1942 г. селото е изгорено од три германски баталјона заедно со Омотско, Пилкати и Слимница со цел да се ликвидираат базите на непријателот.[22][23] Од 100 куќи во Јановени останале само 10-15.[22]
За време на Граѓанската војна селото повторно силно настрадало, и на 27 јули 1947 г. е конечно напуштено од жителите.[4][8]
Во 1953 година атарот на Јановени е придодаден кон оној на Тухол, а во 1961 г. селото е отпишано.[4] Сепак, во поново време селото повторно се води како постоечко.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
|accessdate=
|lang-hide=