На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Дреничево е чисто македонско село во Костурската каза на Горичиот санџак со 49 куќи.[9]
На почетокот на XX век сите жители на Дреничево биле под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Дреничево имало 382 Македонци под егзархијата и работело бугарско училиште.[5][10]
Грчка статистика од 1905 г. го претставува Дреничево како мешано македонско-турско село со 250 жители Македонци и 25 жители Турци.[11] Истата година четата на Никола Андреев ги убила гркоманите Наум Христов (28 мај) и Константин Стојанов (14 јуни) во нивните ниви крај селото.[12]
Во февруари 1907 г. турска војска успеала да убие тројца четници на ВМОРО кои ги обиколила во Дреничево.[13] Во статистиката на грчкиот академик Атанасиос Халкиопулос („Македонија : Етнографска статистика на Солунскиот и Битолскияот вилает“), Дреничево се води со 250 жители Македонци и 25 муслимани.[14]
Според Георгиос Панајотидис, учител во Цотилската гимназија, во 1910 г. во Драници (Δρανίτσι) имало 35 семейства, од кои 5 муслимански и 30 „схизматични“ (т.е. непогрчени Македонци).[15]
Според Георги Константинов Бистрицки, Дреничево пред Балканските војни имало 40 македонски куќи.[5][16]Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) за приближно истиот период го дава Дреничево со 50 куќи на Македонци христијани и 3 куќи на Турци.[17]
Во Грција
По Втората балканска војна во 1913 г. селото влегло во состав на Грција. Таа година во него се попишани 301 лице.[3] По Нејскиот мировен договор 6 лица од Дреничево се иселиле во Бугарија по официјален пат. Во 1920-тите согласно Лозанскиот договор малобројното муслиманско население е иселено во Турција, а на негово место се доселени мошне мал број грчки колонисти, исто така од Турција. Во 1928 г. од вкупно 305 жители, само 17 лица (6 семејства) биле грчки дојденци, а останатите македонски мештани.[18][19][3]
Во 1927 г. селото е преименувано во Кранохори (буквален превод на името). За време на окупацијата во Втората светска војна во селото е создадена подвижна чета на бугарската паравоена организација „Охрана“, а во 1943 г. Дреничево било гаѓано со артилерија од италиански единици.[20]
За време на Граѓанската војна селото повторно силно настрадало — убиени се 37 лица, а 131 лица се преселиле преку границата (претежно во НР Македонија, а помалку во другите социјалистички земји).[21][3] 69 деца се изнесени преку границата како деца-бегалци.[22]
Жителите на селото се занимаваат претежно со земјоделство. Познато е по леќата и гравот.[23][3]
Население
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година
1940
1951
1961
1971
1981
1991
2001
2011
2021
Население
372
160
226
219
214
249
270
245
192
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
↑Official documents concerning the deplorable condition of affairs in Macedonia, Constantinople, At the printing press of the Patriarchate, 1906, номера 202 и 203
↑A. Chalkiopoulos 1910: Ethnic statistics of Thessaloniki and Monastir vilayet. Athens. Haji & M.-CH. 1910
↑Παναγιωτίδης, Γιώργος Π. Σ (1911). „Τα Καστανοχώρια“. Μακεδονικόν Ημερολόγιον (грчки). εν Αθήναις: Τύποις «Αυγής Αθηνών», Θ. Ν. Αποστολοπούλου. Δʹ: 139. Архивирано од изворникот на 2020-10-25. Занемарен непознатиот параметар |lang-hide= (help)
↑Бистрицки (1919). Българско Костурско(PDF). Ксанти: Издава Костурското Благотворително Братство „Надежда“ в гр. Ксанти. Печатница и книжарница „Родопи“. стр. 8.