Уши — поранешно село во Костурско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Нестрам во областа Западна Македонија, Грција.
Селото се наоѓало југозападно од Косинец.[1]
Уши било мало македонско село кое се распаднало во конфликтните години по времето на управувањето на Али-паша Јанински во XVIII век. Неговите жители се преселиле во Крчишта.[1]