Радигоже или Чифлик (грчки : Αγία Άννα , Агија Ана ; до 1928 г. Ραδιγκόσδι , Радигосди [ 2] ) — село во Костурско , Егејска Македонија , денес во општината Нестрам на Костурскиот округ во Западна Македонија , Грција . Населението брои 31 жител (2021) и до денес е целосно населено со Македонци .[ 3]
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во областа Нестрамкол , на 18 км југозападно од градот Костур , на еден км североисточно од селото Нестрам , на надморска височина од 840 м.[ 3] Селото е сместено на левиот брег на Стенска Река , на која е расположен Радигошки Водопад .
Историја
Во Отоманското Царство
Во османлиски дефтер од XV век во Радогожд по име се заведени 54 глави на семејствата.[ 4] Во даночните записници од средината на XV век Радогожде е споменато со 13 глави на семејства и една вдовица: Никола, Јано, Стајо, Мано, Тодор, Јорг, Стајко, Андрија, Јорг, Никифор, Михо, Стајко, Димо и Мара. Вкупниот приход за државата од селото изнесувал 976 акчиња .[ 5]
Во XIX век Радигоже било македонско чифлигарско село во Костурската каза на Горичкиот Санџак . Поради тоа што селото било чифлик на турски бег , било познато под името Чифлик или Голем Чифлик.[ 3]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Радигоже се води како две чисти македонски села во Костурската каза, Горно Радигоре со 3 куќи и Долно Радигоре со 18 куќи.[ 6]
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика “) од 1900 г., во селото Радигоже имало 85 жители, сите Македонци .[ 7] [ 8]
По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne “) во 1905 г. во Радигоже имало 144 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија .[ 8] [ 9] Според грчки извори, во 1905 г. во Радигоже имало 150 жители „Грци “.[ 10]
Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Балканската војна имало 15 македонски семејства.[ 8] [ 11]
Во Грција
По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор , кога броело 137 жители. Нивниот број во 1920 г. се намалил на 111.[ 3]
Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) во 1921 г. напишал дека во Радогош имало 15 куќи на словени (Македонци) христијани.[ 3]
Во 1926 година, името на селото било променето во Агија Ана (Αγία Άννα ).
Селото настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и голем број на жители заминале во Македонија или во социјалистичките земји од Источна Европа .[ 3]
Стопанство
Селото е сиромашно. Населението произведува ограничено количество жито , ореви и друго.[ 3]
Население
Денес населението на Радигоже останува целосно македонско.[ 3]
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година
1940
1951
1961
1971
1981
1991
2001
2011
2021
Население
152
46
112
83
60
55
70
59
31
Извор за 1940-1991 г. : Т. Симовски , Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
Селото припаѓа на општинската единица Нестрам со седиште во истоименото село , која припаѓа на поголемата општина Нестрам , во округот Костур . Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Нестрам, во кој влегуваат и селата Нестрам , Јановени , Слимница , Пилкати , Омотско , Стенско и Тухол .
Културни и природни знаменитости
Цркви
Природни
Личности
Родени во Радигоже
Наводи
↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“ . Државен завод за статистика на Грција.
↑ „Πανδέκτης: Radigkosdi -- Agia Anna“ . pandektis.ekt.gr . Посетено на 2023-08-25 .
↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики . II дел. Скопје: Институт за национална историја . стр. 38.
↑ „Хр. Гандев - Българската народност.. - Поселения“ . www.promacedonia.org . Посетено на 2023-08-10 .
↑ Опширни пописни дефтери од XV век, том II, Архив на Македонија, Скопје 1973, стр. 100
↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF) . Каламус. стр. 97.
↑ „Makedonija. Etnografija i statistika - 2.43“ . macedonia.kroraina.com . Посетено на 2023-08-10 .
↑ 8,0 8,1 8,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари , и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.182-183.
↑ „Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Agia Anna“ . Архивирано од изворникот на 2007-07-26.
↑ Бистрицки, Българско Костурско, Ксанти, 1919, стр. 8.
↑ „08 – Αρχιερατική Περιφέρεια Λαχανόκηπων – Ιερά Μητρόπολη Καστοριάς“ (грчки). Посетено на 2023-08-25 .
↑ 13,0 13,1 Бербенлиев, Пейо и Владимир Патръчев (1963). Брациговските майстори-строители през XVIII-XIX век и тяхното архитектурно творчество . София: Държавно издателство „Техника“. стр. 12–27. Посетено на 26 август 2023 .
Населени места во општината
Нестрам ОЕ Акритес 1 ОЕ Аренес 1 ОЕ Грамошта ОЕ Нестрам Историски 1 Новодаден збирен назив. • 2 Без трајни жители.