Ерсека (албански: Erseka) — град во југоисточна Албанија во округот Колоња. Се наоѓа во подножјето на планината Грамос, блиску до границата со Грција. Според пописот од 2001 година во овој град живееле 5,507 жители. Со надморска висина од 1,050 метри, Ерсека е највисок град во Албанија.
Основан е во 17 век.