Грамеш или Грамш (албански: Gramsh(i)) — град во средна Албанија, главен град на округот Грамеш, кој се граничи со округот Поградец на исток. Населението брои 11.556 жители (2005).[1] Во турско време градот го носел името Грамеч.