Стоян Цицов (грчки: Στέφος Τσίτσου, Стефос Цицу), познат како капетан Цицос (καπετάν Τσίτσος) — македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација, по засилувањето на грчката вооружена пропаганда застанал на страната на грчката кауза предводејќи андартска чета и учествувајќи во Борбата за Македонија.
Цицов со својот помошник Брајан Трајков (Μπραγιάννης Τράικος) од Живово[1] и целата чета по засилувањето на грчката вооружена пропаганда преминал на страната на грчката кауза.
Во 1907 година Цицов и Трајков побарале средба со четата на Иван Смичков, но на договорената средба не присуствувале. Марко Христов до Витолишта и Трајко Зојката ги ликвидирале андартите на Цицов, Васил и Мерко, а Стале Чашулков го ослободиле.
Во Полчиште и Бешиште, мариовската чета на Македонската револуционерна организација ги ликвидирала братот на Трајков и Петар Севдиков. Како одговор на овие ликвидации, андартите ги нападнале селаните од Витолиште, но биле сочекани во заседа во која биле убиени неколку андарти [3].
Во реонот на Цицов како помош дошол андартскиот капетан Константинос Кутас (капетан Гуда) со својата чета, но бил елиминиран од мариовската чета меѓу Живово и Врпско, во борбата учествувале и андартите на Цициов, а подоцна андартската чета бил разбиена од Васил Балевски во Полчиште.
Во 1912 година Цицов и Трајанов раководеле две андартски чети во Мариово[4].