Нов Чифлик — историско село во Кумановско, на територијата на денешна Општина Куманово.
Селото било сместено во котлината Блатија на десниот брег на реката Пчиња, недалеку од Костурник и неколку километри северно од Горно Коњаре, чиј атар денес го опфаќа неговото подрачје.
Кон крајот на XIX век Нов Чифлик е познат како македонско село. Според податоците на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. Нов Чифлик (Nov-Tchiflik) е село во Кумановската каза со вкупно 90 жители, од кои 48 Македонци[2] под врховенството на Бугарската егзархија, 30 Власи и 12 Роми.[3]
На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го означува Ново Село (Novoselo) како село со нејасен етнички состав.[4]
Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!