Долно Строгомиште — село во Општина Кичево , во околината на градот Кичево .
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во областа Горно Кичево .
Историја
Според „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника “ во 1873 г. Остроголишта (Долно и Горно Строгомиште) имало 150 докаќинства и 400 жители муслимани.[ 2]
Население
Население во минатото Година Нас. ±% 1948 275 — 1953 301 +9.5% 1961 340 +13.0% 1971 439 +29.1% 1981 517 +17.8%
Година Нас. ±% 1991 0 −100.0% 1994 610 — 2002 698 +14.4% 2021 355 −49.1%
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика “) од 1900 година, во Долно Строгомиште живееле 450 жители, сите Македонци муслимани .[ 3]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 200 Албанци.[ 4]
Според податоците од 2002 година селото има 698 жители. 692 жители, од различни причини, се декларирале Албанци , 1 Србин и 5 останати.[ 5]
Најголем дел од населението претставуваат Македонци-муслимани .
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 355 жители, од кои 337 Македонци и 18 лица без податоци.[ 6]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година
1900
1905
1948
1953
1961
1971
1981
1991
1994
2002
2021
Население
450
—
275
301
340
439
517
0
610
698
355
Извор за 1900 г. : Македонија. Етнографија и статистика .[ 7] ; за 1905 г. : La Macédoine et sa Population Chrétienne .[ 8] ; за 1948-2002 г. : Државен завод за статистика на РМ .[ 9] ; за 2021 г. : Државен завод за статистика на РМ .[ 10]
Родови
Долно Строгомиште е торбешко село.
Родови во селото се: Рушовци (25 к.) и Мемовци (20 к.) потекнуваат од ист предок кој се доселил од соседното село Горно Строгомиште .
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 818 според Државната изборна комисија , сместени во просториите на основното училиште.[ 11]
На претседателските избори во 2019 година , на ова избирачко место биле запишани вкупно 596 гласачи.[ 12]
Поврзано
Наводи
↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“ . Државен завод за статистика . Посетено на 22 декември 2022 .
↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.96-97.
↑ Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.256.
↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“ .
↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе... ).“
↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“ . Државен завод за статистика .
↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“ . Државен завод за статистика .
↑ „Описи на ИМ“ . Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019 .
↑ „Претседателски избори 2019“ . Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019 .
Надворешни врски
Грбот на Општина Кичево Раселени Историски