Земјите, државите и провинциите во светот каде англискиот е главен јазик се темносини; земјите, државите и провинциите каде тој е офоцијален, но не главен се светлосини. Англискиот е и еден од службените јазици на Европската Унија.
Современиот англиски јазик може да се рече дека е лингва франка.[6][7] Англискиот е доминантен меѓународен јазик во комуникациите, науката, деловното работење, воздухопловството, медиумите и дипломатијата.[3] Влијанието на Британската Империја е главната причина за првичното проширување на јазикот далеку од Британските Острови.[5] По Втората светска војна, растечкото економско и културно влијание на САД значително го има забрзано ова ширење на јазикот.
Познавање на англискиот јазик се бара во работењето на извесни полиња, професии и занимања. Како резултат на ова најмалку една милијарда луѓе зборуваат англиски барем основно. Англискиот е еден од шесте службени јазици на Обединетите Нации.
Овие германски дијалекти подоцна се соединиле (останале географски варијации) и го формирале староанглискиот јазик. Староанглискиот грубо наликува на некои крајбрежни дијалекти во денешна северозападна Германија и Холандија (т.е. Фризија). Низ историјата пишаниот староанглиски, ја задржал својата синтетичка структура поблиска до праиндоевропскиот, во голема мера прифаќајќи западносаксонски пишани обичаи, додека говорниот староанглиски станувал сѐ повеќе аналитички по природа, јубејќи го посложениот падежен систем, користејќи повеќе предлози и фиксен збороред за искажување на саканото. Ова се гледа во средноанглискиот период, кога книжевноста се пишувала сѐ повеќе на народен (говорен) начин, по губењето на статусот на староанглискиот како јазик на благородништвото. Се претпоставува дека раниот развој на јазикот бил под влијание на келтски слој.[8][9] Подоцна бил под влијание и на сродниот северногермански јазик старонордискиот, користен од викинзите кои се населиле главно на северното и источното крајбрежје, па до Лондон, област позната како Данелаг.
Норманското освојување во 1066 извршило длабоко влијание врз еволуцијата на јазикот. Во следните 300 години норманите се користеле со англонормански јазик, кој бил близок на старофранцускиот, како јазик на дворот,правото и управувањето. Во XIV век англонорманските заемки придодале 10,000 збора кон англискиот, од кои 75% се користат и денес. Ова се многу зборови во правните и административни сфери, но и обични зборови за храна, како овчешко (mutton)[10] и говедско (beef)[11].Благодарение на овие нормански влијанија јазикот се претворил во денес наречениот средноанглиски јазик. Подоцна, за време на Англиската ренесанса, во јазикот влегле и многу, директно земени латински и старогрчки зборови.
Над 380 милиони луѓе зборуваат англиски како мајчин јазик. Со овој број на говорници на англиски како мајчин јазик, англискиот е на трето место по мандаринскиот кинески и шпанскиот.[12][13] Меѓутоа ако ги земеме говорниците на англиски како мајчин и како немајчин јазик, добиваме дека англискиот е најзборуван јазик во светот, или можеби втор ако ги собереме сите кинески јазици, зависно од тоа дали ги сметаме за „јазици“ или „дијалекти“.[14][15] Проценките во кои се вклучени говорниците на англиски како втор јазик варираат во голема мера - од 470 милиони до над милијарда, зависно од тоа како ја дефинираме писменоста или „владеењето“ на јазикот.[16][17] Некои велат дека оние кои го зборуваат англискиот како втор јазик се трипати побројни од оние на кои им е мајчин.[18]
Земјите со најголем број на говорници на англиски како мајчин јазик се (во надолен ред): САД (215 милиони),[19] Обединетото Кралство (58 милиони),[20] Канада (17,7 милиони),[21] Австралија (15 милиони),[22]Ирска (3,8 милиони),[20] ЈАР (3,7 милиони),[23] и Нов Зеланд (3.0-3,7 милиони).[24] Земјите како Јамајка и Нигерија исто така имаат милиони автохтони говорници на дијалектни континууми, од креолските јазици на англиска основа, па до постандардизирана верзија на англискиот. Од земјите каде англискиот се зборува како втор јазик, највеќе вакви говорници има Индија ('индиски англиски јазик') и воопшто земено Индија има повеќе куѓе кои зборуваат/разбираат англиски од било која друга земја во светот.[25] По Индија доаѓа Кина.[26]
Англискиот не е службен јазик ниту во САД ниту во Обединетото Кралство.[28][29] Иако федералната влада на САД нема службени јазици, англискиот има добиено глас за службен јазик во 30 од 50 држави.[30]
Англискиот како глобален јазик
Поради тоа што англискиот се зборува така нашироко, често се нарекува глобален јазик, лингва франка на совремието.[7] Додека тој не е службен јазик во многу земји, денес е јазикот кој најчесто се учи како втор јазик во светот. По меѓународен договор е службениот јазик на воздушните и поморски комуникации, како и еден од службените јазици на Европската Унија, Обединетите Нации, и речиси сите меѓународни спортски организации, меѓу кои и Меѓународниот олимписки комитет.
Англискиот е најизучуван како странски јазик во Европската Унија (од 89% од учениците), по кој следат францускиот (32%), германскиот (18%) и шпанскиот (8%).[31] ВО ЕУ голем дел од населението вели дека може барем донекаде да разговара на англиски. Голем дел од населението вели дека може да разговата на англиски во: Холандија (87%), Шведска (85%), Данска (83%), Луксембург (66%), Финска (60%), Словенија (56%), Австрија (53%), Белгија (52%) и Германија (51%).[32]Норвешка и Исланд исто така имаат големо мнозинство на способни говорници на англискиот јазик.
Книги, весници и списанија на англиски можеме да најдеме во многу земји ширум светот. Англискиот често се употребува и во науките.[7]
Распростанетоста на Британската Империја и во последите 50 години, проминентноста на САД го имаат проширено англискиот јазик ширум Земјината топка.[7] Заради оваа глобална распространетост, англискиот има развиено многу дијалекти, како и креолски јазици и пиџини на англиска основа.
Шкотскиот јазик се развил — главно независно — од истото потекло, н по Унитарниот Акт 1707 започнал процес на јазично губење, каде подоцнежните генерации присвојувале сѐ повеќе одлики на англискиот јазик, причинувајќи дијалектизација. Дали сега тој е посебен јазик или дијалект на англискиот наречен шкотски англиски е спорно. Изговорот, граматиката и лексиката на традиционалните форми се разликуваат, понекогаш сосема, од други вариетети на англискиот.
Заради распространетоста на англискиот како втор јазик, говорниците имаат многу различни акценти, кои често укажуваат на родниот дијалект или јазик на говорникот. За позабележителните одлики на регионалните акценти, видете Регионални акценти на говорниците на англискиот јазик, а за позабележителни одлики на регионалните дијалекти, видете Список на англиски дијалекти.
Како што англискиот зајмувал разни зборови од други јазици низ историјата, така и англиските заемки сега се јавуваат во голем број на јазици низ светот, што укажува на технолошкото и културно влијание на неговите говорници. Постојат неколку пиџини и креолски јазици на основа на англискиот, како јамајскиот креол, нигерискиот пиџин и Ток писин.
Самогласките се елементот кој најмногу се разликува од регион до регион.
Додека знаците се јавуваат во парови, првиот соодветствува на американскиот англиски, општоамерикански изговор; вториот соодветствува на британскиот англиски, стандарден британски изговор.
Американскиот англиски го нема овој глас; зборовите со него се изговараат со /ɑ/ со /ɔ/.
Многу дијалекти на северноамериканскиот англиски не ја имаат оваа самогласка.
Многу говорници на северноамерикански англиски не разликуваат помеѓу овие две неакцентирани самогласки. За нив, roses и Rosa's се изговара исто, и симболот кој се користи обично е темниот глас/ə/.
Дифтонзите /eɪ/ и {{МФА| /oʊ/ се монофтони за многу општоамерикански говорници, како /eː/ и /oː/.
Буквата <U> може да означува /u/ или јотирана самогласка /ju/. Во брит. станд. говор, ако оваа јотирана самогласка /ju/ се јави по /t/, /d/, /s/ или /z/, често предизвикува палатализација на претходната согласка, претворајќи ја во /ʨ/, /ʥ/, /ɕ/ и /ʑ/, како во tune, during, sugar и azure. Во американскиот палатизацијата не се јавува, освен ако /ju/ е проследено од r, кое резултира во помената на /(t,d,s,z)jur/ во /tʃɚ/, /dʒɚ/, /ʃɚ/ и /ʒɚ/, како во nature, verdure, sure и treasure.
Самогласната должина игра фонетска улога во највеќето англиски дијалекти, и се смета за фонемска во неколку дијалекти, како австралискиот и новозеландскиот англиски. Во извесни дијалекти на современиот англиски, на пример општоамериканскиот, постои алофонска должина на самогласките: самогласните фонеми се реализираат како долги самогласни алофони пред звучни согласни фонеми во завршетокот на слогот. Пред големото преместување на самогласките, должината на самогласките била фонемски контрастна.
Овој глас се јавува само во неротските акценти. Во некои акценти, овој глас може да стои наместо /ʊə/, /ɔ:/.
Овој глас се јавува само во неротските акценти. Во некои акценти, полусамогласката шва на /ɛə/ може да биде испуштена, монофтонирајќи и издолжувајќи го гласот до /ɛ:/.
Заднонепчената носна согласка[ŋ] е нефонемски алофон на /n/ во некои северни британски дијалекти, и се јавува само пред /k/ и /g/. Кај сите други дијалекти е посебна фонема, иако само се јавува кај слоговните завршетоци.
Во некои дијалекти како, кокни, меѓузабните /θ/ и /ð/ обично се спојуваат со /f/ и /v/, а во други, како афроамериканскиот, /ð/ се спојува со забното /d/. Кај некои ирски вариетети, /θ/ и /ð/ стануваат соодветни забни избувни согласки, кои потоа се во спротивност со вообичаените венечни избувни согласки.
Гласовите /ʃ/,/ʒ/,и/ɹ/ се лабијализират во некои дијалекти. Лабијализацијата не е никогаш спротивна на првичната положба и затоа понекогаш не се транскрибира. Говорниците на општоамерикански го реализираат <r> (секогаш ротизирано) како свиената приближна согласка/ɻ/, додека истото кај шкотскиот, итн. се реализира како венечна трепетна согласка.
Безвучната преднонепчена слеана согласка /ç/ во највеќето акценти е само алофон на /h/ пред /j/; на пример human /çjuːmən/. Меѓутоа во некои акценти, /j/ се испушта, но првичната согласка е иста. Тешкотиите во совладувањето на англискиот изговор најчесто се поврзуваат со изговорот на самогласките, како и со -th- или /r/.[34]
Безвучната заднонепчена струјна согласка /x/ се користи од Шкотите и Велшаните (шкотски или гелски) кај зборови како loch/lɒx/ или за заемки од германски или хебрејски како Bach/bax/ или Chanukah /xanuka/. Во некои дијалекти како Скаус (Ливерпул) може да се користи или [x] или слеаната согласка[kx] како алофон на /k/ во зборови како docker[dɒkxə].
Безвучното w [ʍ] го наоѓаме кај шкотскиот и ирскиот англиски, како и кај некои вариетети на американски, новозеландски и англиски англиски. Кај другите дијалекти се спојува со /w/, а во некои шкотски дијалекти, со /f/.
Безвучнитеизбувни и слеани согласки (/p/, /t/, /k/ и /tʃ/) имаат приздив ако се на почеток или започнуваат нагласен слог — споредете: pin[pʰɪn] и spin[spɪn], crap[kʰɹ̥æp] и scrap[skɹæp].
Во некои дијалекти, приздивот важи и за ненагласените слогови.
Во некои дијалекти, како индопакистанскиот, сите безвучни избувни согласки се неприздивни.
Почетните звучни избувни согласки може да бидат обезвучени во некои дијалекти.
Крајните безвучни избувни согласки може да бидат неуспуштени или придружени од гласилна избувна согласка кај некои дијалекти (на пр. многу вариетети на американскиот англиски) — примери: tap [tʰæp̚], sack [sæk̚].
Крајните звучни избувни согласки може да бидат обезвучени во некои дијалекти (на пр. некои вариетети на американски) — примери: sad [sæd̥], bag [bæɡ̊]. Во други дијалекти овие се наполно звучни на крајна положба, но само делумно звучни ако стојат на почетокот.
Во англискит интонационите шеми се на групи зборови, кои се наречени тонски групи, тонски единици, интонациони групи или смисловни групи. Тонските групи се искажуваат во еден здив и, како резултат на тоа, се со ограничена должина, најчесто во просек пет збора долги или во времетраење од две секунди. For example:
-/duːjuːniːdˈɛnɪˌθɪŋ/Do you need anything?
-/aɪ dəʊnt | nəʊ/I don't, no
-/aɪdəʊntnəʊ/I don't know (збиено, на пример, до -/aɪdəʊnəʊ/ или /aɪdənəʊ/I dunno во брзиот народен говор кој ја однагласува паузата помеѓу don't и know уште повеќе)
Одлики на интонацијата
Англискиот е силно нагласен јазик, што значли дека извесни слогови, кај зборови и фрази, добиваат релативна истакнатост/гласност во изговорот додека другите не. Првиот вид се нарекува акцентирани/нагласени, а другиот неакцентирани/ненагласени. Сите добри англиски речници ги обележуваат акцентираните слогови со апострофен знак ( ˈ ) или пред (како кај МФА, Оксфордски англиски речник или Меријам-Вебстер) или по (во многу други речници) слогот каде паѓа нагласокот. Општо земено, за двосложен збор на англиски, може да се рече дека доколку е именка или придавка, првиот слог се нагласува; но ако е глагол, тогаш се нагласува вториот слог.
Оттука во една реченица, секоја тонска група може да се подели на слогови, кои можат да бидат нагласени (силни) или ненагласени (слаби). Нагласениот слог се нарекува и јадрен слог. На пример:
That | was | the | best | thing | you | could | have | done!
Тука единствено нагласени се слоговите/зборовите best и done. Best е повеќе нагласена и затоа е јадрен слог.
Јадрениот слог е носител на главната поента која ја намерава говорникот. На пример:
John hadn't stolen that money. (... Некој друг бил.)
John hadn't stolen that money. (... Ти рече ги украл. или ... Не тогаш, но подоцна да.)
John hadn't stolen that money. (... Ги добил парите на друг начин.)
John hadn't stolen that money. (... Украл некои други пари.)
John hadn't stolen that money. (... Украл нешто друго.)
Исто така
I didn't tell her that. (... Некој друг ѝ кажа.)
I didn't tell her that. (... Ти рече ѝ кажав. или ... Но сега ќе ѝ кажам!)
I didn't tell her that. (... Не ѝ реков; може го заклучила, итн.)
I didn't tell her that. (... Му реков на некој друг.)
I didn't tell her that. (... Ѝ реков нешто друго.)
Ова се користи и за изразување на чувство:
Oh really? (...Не сум знаел)
Oh really? (...Не верувам)
Јадрениот слог се искажува погласно од другите и има карактеристична промена на тонот. Промените на тон кои најчесто ги среќаваме во англискиот се растечки тон и опаѓачки тон, иако понекогаш имаме и опаѓачко-растечки тон и/или растечко-опаѓачки тон. Во оваа спротивставеност помеѓу опаѓачкиот и растечкиот тон, кој игра поголема улога во ангискиот околку во другите јазици, опаѓачкиот тон искажува сигурност, а растечкиот несигурност. Ова е круцијално за значењето на реченицата, особено во однос на поларитетот, позитивно–негативната спротивставеност; така, опаѓачкиот тон значи „познат поларитет“, додека растечкиот значи „непознат поларитет“. Ова е присутно кај прашањата од обликот „да или не“. На пример:
When do you want to be paid?
Now? (Растечки тон. Тука, го означува прашањето: „Може да ме платите сега?“)
Now. (Опаѓачки тон. Тука, го означува исказот: „Сакам да ме платите сега.“)
При транскрибирањето (предавањето) на англиските зборови во македонски јазик се тргнува од нивниот приближен изговор. Бидејќи за ред англиски самогласки и согласки нема соодветни во македонскиот јазик, тие се адаптираат кон оние македонски гласови што им се донекаде блиски. Од овој принцип се отстапува при имиња влезени порано во македонскиот јазик со поинаква форма.
Англиската граматика има минимална флексија споредено со другите индоевропски јазици. На пример, современиот англиски, за разлика од германскиот или романските јазици, нема граматички род и придавно сложување. Падежите имаат речиси исчезнато од јазикот и постојат главно во заменките. Моделирањето на силни (на пр. speak/spoke/spoken) наспроти слаби глаголи наследено од германското потекло има опаднато во значење кај современиот англиски, и остатоците од флексијата (како бележењето на можината) имаат станато поправилни.
Англискиот зборовен фонд низ вековите се има значително менувано.[35]
Германските зборови (обично зборови од староанглиско и, во помала мера, нордиско потекло) во кои спаѓаат сите основни заменки (I, my, you, it) и коњугации (and, or, but) се пократки од латинските зборови во англискит, и почести во секојдневниот говор. Подолгите латински зборови се сметаат за поелегантни образовани. Меѓутоа, претераната или излишна употреба на латински зборови може да се смета за претенциозна (како полициското „apprehending the suspect“) или обид за замачкување на поентата.
Во многу случаи, говорникот на англиски јазик има избор од германски и латински синоними: come или arrive; sight или vision; freedom или liberty. Во некои случаи има избор помеѓу германски-изведен збор (oversee), латински-изведен збор (supervise), и француски латински-изведен збор (survey). Богатството на јазикот доаѓа од разновидноста на разните значења и нијанси кои ги носат синонимите, овозможувајќи му на говорникот да изрази истенчени варијации и нијанси на мисла. Запознаеноста со етимологијата на групите синоними даваат можност за поголемо владеење на лингвистички регистар.
Исклучок од ова и уникатна одлика на англискиот се именките за меса кои се обично различни од, и неповрзани со, оние на животните од кои се добиваат - животното има германски, додека месото француски назив. Примери: deer и venison; cow и beef; swine/pig и pork или sheep и mutton. Ова се претпоставува дека е резултат на норманската инвазија, каде франкофонските нормани биле потрошувачи на месо, кое се произведувало од подолните англофонски класи.
Во секојдневниот говор, најголемиот дел на зборови се германски. Ако говорникот сака силно да се искаже на мошне отворен начин, тогаш се одбираат германски зборови. Најголемиот дел од латинските зборови се користат за поформален говор или пишување, како во судницата или во енциклопедиски статии. Меѓутоа не сите латински зборови во секојдневниот говор се формални; ова се главно зборови за концепти кои повеќе немаат германски зборови за нив, па се имаат асимилирано, и во многу случаи не ни изгледаат латински. Вакви се зборовите: mountain, valley, river, aunt, uncle, move, use, push и stay.
Англискиот е познат по огромниот активен зборовен фонд и неговата флуидност. Јазикот лесно прифаќа технички зборови во секојдневниот говор и презема зборови и фрази. Покрај ова, сленговите често им даваат нови значења на старите зборови и фрази. Впрочем, флуидноста е толку изразена што треба да се направи разлика помеѓу формалните облици на англискиот јазик и неговата секојдневна современа употреба. Видете и: социолингвистика.
All human beings are born free and equal in dignity and rights. They are endowed with reason and conscience and should act towards one another in a spirit of brotherhood.
Македонски
Сите човечки суштествa се раѓaaт слободни и еднакви по достоинство и правa. Tиe се обдарени со разум и совест и требa да се однесувaaт еден кон друг во дуxот на општо човечкaтa припaдност.
Оксфордскиот англиски речник дава дефиниции за над 600,000 зборови, додека Вебстер вели дека секоја година во јазикот влегуваат по 25,000 нови зборови.
Англискиот се пишува на латиница уште околу IX век. (пред тоа староанглискиот се пишувал со англосаксонски футорк.) Правописниот систем е повеќеслоен, со елементи на француски, латински и старогрчки правопис врз автохтониот германски систем; низ времето правописот почнал значително да се разликува од фонологијата на јазикот. Пишувањето на зборовите е често прилично различно од нивниот изговор. Видете Англиски правопис.
Верзија на јазикот на која сите говорници ширум светот се согласуваат е формалниот пишан англиски. Тој се употребува исто без разлика од кој дел на светот е говорникот. За разлика од ова, во говорниот англиски постојат огромен број на разлики помеѓу дијалектите, акцентите и видовите на сленгови, колоквијални и регионални израззи. И покрај ова, локалните варијации на формалниот пишан англиски се прилично мали, состоејќи се само од правописните разлики помеѓу британскиот и американскиот англиски.
Англискиот јазик како мотив во популарната култура
„Прост англиски“ (англиски: Pidgin English) — песна на британскиот рок-музичарЕлвис Костело (Elvis Costello) од 1982 година.[36]
Белешки
{{|2}}
Наводи
Baugh, Albert C.; Thomas Cable (2002). A history of the English language (5. изд.). Routledge. ISBN 0-415-28099-0.
↑ 3,03,1The Triumph of English, The Economist, Dec. 20th, 2001 Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „triumph“ е зададен повеќепати со различна содржина.
↑ 19,019,1„U.S. Census Bureau, Statistical Abstract of the United States: 2003, Section 1 Population“(pdf) (англиски). U.S. Census Bureau. стр. 59 pages. Табела 47 вели 214,809,000 за оние на возраст од мет години и постари кои дома зборуваат само англиски. Врз основа на American Community Survey, во овие резултати спаѓаат оние кои живеат групно (студентски домови, институции и групни домови), и по дефиниција тука спаѓаат говорници на англиски како мајчин јазик кои зборуваат повеќе од еден јазик дома.
↑ 24,024,1Languages spokenАрхивирано на 29 март 2007 г., 2006 Census, Statistics New Zealand. Не е даден број на говорници на англиски како мајчин јазик, но тој би бил некаде помеѓу оние кои зборуваат само англиски (3,008,058) и вкупниот број на говорници на англиски (3,673,623), доколку ги занемариме 197,187 луѓе кои не дале корисен одговор.
French television channel Television channel Discovery FamilyBroadcast areaFranceMonacoProgrammingLanguage(s)FrenchPicture format16:9 1080i (HDTV)OwnershipOwnerDiscovery Networks EMEASister channelsDiscovery ChannelDiscovery ScienceDiscovery InvestigationHistoryLaunched14 September 2017 (2017-09-14)Closed29 March 2022 (2022-03-29)LinksWebsitediscoveryfrance.fr/discoveryfamily Discovery Family was a French family-orientated speciality television channel owned by D...
' قرية مقد العبية - قرية - تقسيم إداري البلد اليمن المحافظة محافظة حضرموت المديرية مديرية الشحر العزلة عزلة الشحر السكان التعداد السكاني 2004 السكان 415 • الذكور 212 • الإناث 203 • عدد الأسر 39 • عدد المساكن 47 معلومات أخرى التوقيت توقيت اليمن (+3 غرينيت
Pusat Penerbangan Angkatan LautLambang PuspenerbalDibentuk17 Juni 1956NegaraIndonesiaCabangTNI Angkatan LautTipe unitPenerbangan MiliterBagian dariTNI Angkatan LautMarkasSidoarjo, Jawa TimurMotoDharma Jalakaca PutraSitus webpuspenerbal.tnial.mil.idTokohKomandanLaksamana Muda TNI Sisyani Jaffar, S.M.Wakil KomandanLaksamana Pertama TNI Bayu Alisyahbana, S.M., CHRMP.InspekturKolonel Laut (T) Bambang YuniantoInsigniaRoundel Aviation Patch Dispenerbal. Pusat Penerbangan Angkatan Laut (Puspenerbal)...
Samoa nos Jogos Olímpicos de Verão de 2008 Comitê Olímpico Nacional Código do COI SAM Nome Samoa Association of Sports and National Olympic Committee Inc. «site oficial» (em inglês) Jogos Olímpicos de Verão de 2008 Sede Pequim, China Competidores 6 em 5 esportes Porta-bandeira Ele Opeloge Medalhas Pos.n/d 0 1 0 1 Participações nos Jogos Olímpicos Verão 1984 • 1988 • 1992 • 1996 • 2000 • 2004 • 2008 • 2012 • 2016 • 2020 Samoa participou dos Jogos...
Untuk tempat lain yang bernama sama, lihat Kepatihan. KepatihanKelurahanKantor Lurah KepatihanNegara IndonesiaProvinsiJawa TimurKabupatenJemberKecamatanKaliwatesKode Kemendagri35.09.19.1006 Kode BPS3509710006 Luas... km²Jumlah penduduk... jiwaKepadatan... jiwa/km² Kepatihan adalah kelurahan di kecamatan Kaliwates, Jember, Jawa Timur, Indonesia. Pembagian wilayah Kelurahan Kepatihan terdiri dari lingkungan: Kauman Kebon Dalem Kepatihan Sawahan Cantikan Tembaan Pranala luar Pemkabjember....
Торпедний катер Торпедний катер у Вікісховищі Торпедний катер проекту 123-біс Комсомолець, Санкт-Петербург Торпе́дний ка́тер — клас швидкохідного маломірного бойового корабля, основною зброєю якого є торпеди. В різних країнах існували різні найменування для поді...
Indian information technology company This article contains content that is written like an advertisement. Please help improve it by removing promotional content and inappropriate external links, and by adding encyclopedic content written from a neutral point of view. (March 2020) (Learn how and when to remove this template message) sify Technologies LimitedTypePublic companyTraded asNasdaq: SIFYFWB: SIFYIndustryInternetGenreInformation and communications technologyFounded12 De...
Sultan of Mohéli (Mwali) Djoumbé FatimaPhotograph of Djoumbé Fatima taken in Paris in 1868Sultan of Mohéli (Mwali)Reign1842–18651874–1878Coronation26 May 1849, FomboniPredecessorRamanetakaMuhammad bin Saidi Hamadi MakadaraSuccessorMuhammad bin Saidi Hamadi MakadaraAbderremane bin Saidi Hamadi MakadaraBorn1836/37Ouallah, MohéliDied1878 (1879) (aged 41)ConsortSaid Muhammad bin Nasser MakadaraIssue Muhammad bin Saidi Hamadi Makadara Abderremane bin Saidi Hamadi Makadar...
Constituency of the Odisha legislative assembly in India This article is about the assembly constituency. For its eponymous town, see Badasahi. BadasahiConstituency No. 32 for the Odisha Legislative AssemblyConstituency detailsCountryIndiaRegionEast IndiaStateOdishaDistrictMayurbhanjLS constituencyBalasoreEstablished2009Total electors150,007ReservationSCMember of Legislative Assembly16th Odisha Legislative AssemblyIncumbent Sanatan Bijuli PartyBharatiya Janata PartyElected year2019 Badasahi i...
Vroege tram in Batavia van de Nederlands-Indische Tramweg Maatschappij De Nederlands-Indische Tramweg Maatschappij NV (NITM) of eerder Bataviasche Tramweg Maatschappij was een particulier trambedrijf in Batavia in Nederlands-Indië. Het bedrijf werd opgericht in 1882. Nederlands-Indische Tramweg Maatschappij Het bedrijf onderhield een stoomtramlijn die Weltevreden verbond met de oude stad: van Kampong Melajoe via Meester Cornelis, Kramat, Waterlooplein (het tegenwoordige Lapangan Banteng) en ...
Mythical city in the Philippines Biringan city is said to be located somewhere south of the municipality of Catarman Biringan is a mythical city that is said to invisibly lie between Gandara, Tarangnan, and Pagsanghan in Samar province of the Philippines. Legend Biringan city is located in Pangsanghan, Samar The city is said to be located in the province of Samar. It is also designated as a barangay of Pagsanghan, Samar and Gandara, Samar. According to the local folklore, the population of Bi...
1989 animated television special This article relies largely or entirely on a single source. Relevant discussion may be found on the talk page. Please help improve this article by introducing citations to additional sources.Find sources: Cathy's Valentine – news · newspapers · books · scholar · JSTOR (October 2021) Cathy's ValentineCreated byCathy GuisewiteWritten byCathy GuisewiteDirected byEvert BrownVoices ofKathleen WilhoiteRobert F. PaulsenShirley...
Эта статья — об участниках. О группе см. Bad Company. У этого термина существуют и другие значения, см. Bad Company (значения). Bad Company — английская хард-рок-супергруппа из Лондона. Группа была образована в ноябре 1973 года в Олбери, графство Суррей в Лондоне. «Bad Company» в 1976 го...
Salvador Calvo Información personalNacimiento 12 de agosto de 1970 (53 años)MadridNacionalidad EspañolaFamiliaCónyuge Juan Luis ArcosHijos 1Información profesionalOcupación Director de cine y director de televisión Sitio web salvadorcalvo.com Distinciones Premio Goya a la mejor dirección (2021) [editar datos en Wikidata] Salvador Calvo (Madrid, 12 de agosto de 1970) es un director de cine español. Se licenció en comunicación audiovisual en la Facultad de Ciencia...
Rules and guidelines of trade This article has multiple issues. Please help improve it or discuss these issues on the talk page. (Learn how and when to remove these template messages) This article needs additional citations for verification. Please help improve this article by adding citations to reliable sources. Unsourced material may be challenged and removed.Find sources: Commercial law – news · newspapers · books · scholar · JSTOR (August 2012) (L...
Bulgarian footballer and coach In this Bulgarian name, the patronymic is Petkov and the family name is Kolev. Ivan Kolev Personal informationFull name Ivan Petkov KolevDate of birth (1930-11-01)1 November 1930Place of birth Plovdiv, BulgariaDate of death 1 July 2005(2005-07-01) (aged 74)Position(s) ForwardSenior career*Years Team Apps (Gls)1945–1948 Sportist Sofia 1949–1950 VVS Sofia 1957–1967 CSKA Sofia 304 (90)1967–1968 Sliven International career1950–1966 Bulgaria 75 (25...
Busto en mármol de un sacerdote romano de la época de Adriano. Oficiante romano encargado de un sacrificio con hacha. Marco Aurelio capite velato lleva a cabo un sacrificio junto a un flamen reconocible por su gorro apex. La víctima es un toro que será golpeado por un popa que lleva un hacha en su mano. Un personaje toca el aulós para rechazar el ruido desfavorable. Al fondo, el Templo de Júpiter Óptimo Máximo. El sacerdocio (del latín sacerdotium y éste de sacerdos y, en plural, sa...