Санскрит[3] (संस्कृता वाक् saṃskṛtā vāk, кратко संस्कृतम् saṃskṛtam) — стар индоевропски јазик од индоиранската група јазици кој е класичен јазик на Индискиот Потконтинент. Санскрит е литургиски јазик на хиндуизмот, будизмот, сикизмот, џаинизмот и претставува еден од 23-те службени јазици на Индија.
Санскрит припаѓа на семејството на индоевропски јазици. Претставува еден од трите најстари документирани јазици кои се развиле од еден заеднички предок, кој денес се нарекува праиндоевропски јазик:[4][5][6]
Други индоевропски јазици кои се далечно поврзани со санскрит се статолатинскиот и класичниот латински јазик (ок. 600 п.н.е.–100 н.е., италски јазици), готскиот (архаичен германски јазик, ок. 350 н.е.), старонордискиот (ок. 200 н.е. и потоа), староавестискиот (ок. крај на 2 милениум н.е.[8]) и младоавестискиот (ок. 900 н.е.).[5][6] Најблиски сродни јазици на ведскиот санскрит се нуристанските јазици во регионот на Хиндукуш во североисточен Афганистан и северозападните Хималаи,[6][9][10] како и изумрените авестиски и староперсиски јазик – и двата од групата на ирански јазици.[11][12][13] Санскритот припаѓа на сатемската група на индоевропски јазици.
Научниците од колонијалниот период запознаени со латинскиот и старогрчкиот јазик биле изненадени од сличноста на јазикот санскрит, и во неговиот вокабулар и во граматиката, со класичните јазици во Европа. Во The Oxford Introduction to Proto-Indo-European and the Proto-Indo-European World, Мелори и Адамс ја илустрираат сличноста со следниве примери на когнати[14] (во табелата се додадени и староанглиски и старословенски за понатамошна споредба):
<ref>
Woodard12