Избувна согласка

Начини на творба
Препречни
Избувни
Слеани
Струјни
Шушкави
Гласници
Носни
Едноударни
Приближни
Течни
Самогласка
Полусамогласка
Странични
Трепетни
Механизам
Белодробни
Исфрлени
Уфрлени
Чрапави
 
Алитерација
Асонанца
Поврзано: Место на творба
Оваа страница содржи фонетски информации изразени со МФА, кои може да не се прикажат исправно кај некои прелистувачи. [Помош]
уреди

Избувна согласка (преградна согласка, плозив, експлозив)[1][2] е согласка каде се затвора гласниот провод, со што престанува текот на воздухот, за потоа да „избувне“ при творбата. Затворањето може да го врши јазикот (рамниот дел: [t], [d] или основата: [k], [ɡ]), уснените ([b], [p]) или гласилката ([ʔ]). Се разликуваат од носните согласки, каде звучниот провод се затвора, но воздухот продолжува да излегува низ носот (на пр. m и n, како и со струјните согласки, каде делумното затворање го отежнува, но не го запира воздушниот тек во гласниот провод.

Застапеност во јазиците

Сите јазици во светот имаат избувни согласки,[3] и во највеќето од нив се присутни барем безвучните [p], [t] и [k], но постојат исклучоци: во разговорниот самоански отсуствува преднојазичната согласка [t], а неколку северноамерикански јазици како ирокеските ја немаат уснената согаска [p]. Од сите безвучните избувни согласки во светот, уснената е најнестабилна, што може да се забележи од неусловената гласовна промена [p][f] (→ [h] → Ø) што се има случено во разни несродни јазици низ историјата како што се (класичниот јапонски, класичниот арапски и пракелтскиот јазик. Формалниот самоански содржи само еден збор со заднонепчената согласка [k], додека разговорниот самоански ги поистоветува /t/ и /k/ како /k/. Нихауанското наречје на хавајскиот јазик има [t] на местото на /k/ во поголема мера од литературниот хавајски, но обата не разликуваат /k/ од /t/. Поточно кажано, самоанскиот и хавајскиот ги имаат двете самогласки, но не ги разликуваат.

Македонски

Во македонскиот јазик се присутни избувните гласови п, б, т, д, ќ, ѓ, к и г.

Творба

При творбата на избувниот глас разликуваме три фази:

  • Прекин: дишниот провод се затвора, и воздухот нема каде да оди.
  • Задршка (оклузија): дишниот провод се држи затворен, што предизвикува мала разлика во притисокот.
  • Испуст (избув): пороводот се отвора и воздухот излегува наеднаш, во облик на звук (глас). Ова се нарекува „избувнување“.

Во многу јазици како малајскиот и виетнамскиот, ваквите согласки на крајот од зборот немаат избув (дури и кога им следи самогласка) или имаат носен испуст.

Кај слеаните согласки, прекинот и задршката се од избувен вид, но испустот е како на струјна согласка. Ова значи дека слеаните согласки претставуваат избувно-струјни контури.

Примери

Во Меѓународната фонетска азбука (МФА) се претставени следниве избувни согласки.

Поврзано

Наводи

  1. Кепески, Круме (1990). Граматика на македонскиот литературен јазик (X. изд.). Скопје: Просветно Дело. стр. 61.
  2. Кепески ја нарекува „избувлива“ согласка.
  3. König, W. (ed) dtv Atlas zur deutschen Sprache dtv 1994
  • Ladefoged, Peter; Maddieson, Ian (1996). The Sounds of the World's Languages. Oxford: Blackwell. ISBN 978-0-631-19815-4.
  • Ian Maddieson, Patterns of Sounds, Cambridge University Press, 1984. ISBN 0-521-26536-3
Табела на белодробни согласки по МФА аудио
По место → Уснени Преднојазични Среднојазични Заднојазични Гласилни
↓ По начин Дво​уснени Уснено-​забни Заб​ни Венеч​ни Задно-​венеч. Свие​ни Предно-​непчени Задно​непчени Ресич​ни Голтни​чки Надгла​сил​ни Гласил​ни
Носни m ɱ n ɳ ɲ̥ ɲ ŋ̊ ŋ ɴ
Избувни p b t d ʈ ɖ c ɟ k ɡ q ɢ ʡ ʔ
Струјни ɸ β f v θ ð s z ʃ ʒ ʂ ʐ ç ʝ x ɣ χ ʁ ħ ʕ ʜ ʢ h ɦ
Приближни ʋ ɹ ɻ j ɰ
Трепетни ʙ r ɽ͡r ʀ я *
Едноударни ⱱ̟ ɾ ɽ ɢ̆ ʡ̯
Стран. струј. ɬ ɮ ɭ˔̊ ʎ̥˔ ʎ˔ ʟ̝̊ ʟ̝
Стран. прибл. l ɭ ʎ ʟ
Стран. едноуд. ɺ ɺ̠ ʎ̯
Небелодробни согласки
Чкрапави ʘ ǀ ǃ ǂ ǁ
ʘ̃ ʘ̃ˀ ʘ͡q ʘ͡qʼ
Уфрлени ɓ ɗ ʄ ɠ ʛ
Исфрлени ʈʼ
θʼ ɬʼ χʼ
tsʼ tɬʼ cʎ̝̥ʼ tʃʼ ʈʂʼ kxʼ kʟ̝̊ʼ
Слеани согласки
p̪f b̪v ts dz ʈʂ ɖʐ
ɟʝ cʎ̥˔ ɟʎ˔ kʟ̝̊ ɡʟ̝
Сложени согласки
Незаградни ʍ w ɥ ɧ
Заградни k͡p ɡ͡b ŋ͡m
Табелава содржи фонетски симболи што може да не се прикажат правилно кај некои прелистувачи. [Помош]
Онаму кајшто симболите се дадени во парови, „лев—десен“ претставува „безвучна—звучна“ согласка.
Исенчените полиња претставуваат неизводливи гласовни творби.
* Симболот го нема во МФА.