Звучна забна приближна согласка |
---|
ð |
---|
ð̞ |
---|
|
Звучната забна струјна согласка е вид на согласен звук кој се користи во некои јазици. Знакот според МФА е ð, а еквивалентиот знак по X-SAMPA е D. Забните струјни согласки се нарекуваат уште и „меѓузабни“ бидејќи тие често се изговараат со јазикот помеѓу горните и долните заби, а не само со притискање на задниот дел од забите, како кај другите забни согласки.
Кириличната буква за овој глас е ҙ, која се јавува во башкирскиот јазик.
Особености
Звучната забна струјна согласка ги има следниве особености:
- Начинот на творба е струен, што значи дека се добива со стеснување на воздушниот тек низ тесен провод во местото на творба, предизвикувајќи бурно струење. Го нема зажлебениот јазик и насочениот воздушен тек, ниту пак високата честота на шушкавите согласки.
- Местото на творба е забно, што значи дека се создава со јазикот во допир со горните или долните заби или обете. (Највеќето избувни и течни согласки што се опишуваат како забни се всушност забно-венечни.)
- Фонацијата е звучна, што значи дека гласните жици треперат при творбата.
- Ова е устена согласка, што значи дека воздухот излегува само низ устата.
- Ова е средна согласка, што значи дека се создава со насочување на воздушниот тек долж средината на јазикот наместо по страните.
- Воздушниот механизам е белодробно издишен, што значи дека се создава со истиснување на воздух единствено низ белите дробови и дијафрагмата, што важи за највеќето гласови.
Јазици
Во следниве транскрипции, подредниот дијакритички знак може да се употреби за означување на приближната согласка [ð̞].
Поврзано
Наводи
Табелава содржи фонетски симболи што може да не се прикажат правилно кај некои прелистувачи. [Помош]
|
Онаму кајшто симболите се дадени во парови, „лев—десен“ претставува „безвучна—звучна“ согласка.
|
Исенчените полиња претставуваат неизводливи гласовни творби.
|
* Симболот го нема во МФА.
|