Звучна венечна слеана соглска (звучен алвеоларен африкат) — вид согласка присутна во некои јазици. Во меѓународната фонетска азбука (МФА), гласот е означен со симболот ⟨d͡z⟩ или ⟨d͜z⟩ (порано: ⟨ʣ⟩), а во македонскиот јазик оваа согласка е претставена со буквата ѕ.
Особености
Звучната венечна слеана согласка ги има следниве особености:
Начинот на творба е шушкав и слеан, што значи дека се добива најпрвин со целосно запирање на воздухот, а потоа со негово насочување кон остриот раб на забите, предизвикувајќи високочестотно бурно воздушно струење.
Фонацијата е звучна, што значи дека гласните жици треперат при творбата.
Ова е средна согласка, што значи дека се создава со насочување на воздушниот тек долж средината на јазикот наместо по страните.
Воздушниот механизам е белодробно издишен, што значи дека се создава со истиснување на воздух единствено низ белите дробови и дијафрагмата, што важи за највеќето гласови.
Jassem, Wiktor (2003), „Polish“, Journal of the International Phonetic Association, 33 (1): 103–107, doi:10.1017/S0025100303001191
Rogers, Derek; d'Arcangeli, Luciana (2004), „Italian“, Journal of the International Phonetic Association, 34 (1): 117–121, doi:10.1017/S0025100304001628
Shosted, Ryan K.; Vakhtang, Chikovani (2006), „Standard Georgian“, Journal of the International Phonetic Association, 36 (2): 255–264, doi:10.1017/S0025100306002659