Ѓорев Рид — археолошко наоѓалиште во битолското село Суводол. Претставува населба од неолитско доцноантичко време. Се наоѓа на 2,5 км јужно од селото, во непосредната близина на РЕК „Битола“, каде во 1983 година Заводот и музеј од Битола вршел заштитно ископување со кое се утврдени остатоци од еднослојна неолитска населба од велушко-породинската културна група, со многубројни фрагменти од керамички садови и други предмети од материјалната и духовната култура. Исто така се пронајдени делови од темели на објект граден од камен и кал и со поплочен под, во кој се најдени фрагменти од керамички садови и покривни ќерамиди. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Битола.[1]
Поврзано
Наводи