Горна Тумба — археолошко наоѓалиште во битолското село Добромири. Претставува населба од неолитско време. Се наоѓа на 1 км северно од селото и на околу 300 метри западно од патот за селото Горно Агларци. Претставува блага височинка со димензии од 80 × 150 м на која се сместени современите селски гробишта. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови.[1]
Поврзано
Наводи