Бел Камен (локално: Бели Каменови) е археолошко наоѓалиште во битолското село Живојно. Претставува некропола од железно време. Случајно е откриен во 1956 година кога месен жител во својата нива откопал две гробници - цисти. Нивата се наоѓа на една пространа падина која постепено се спушта кон малата река Здравица, а е оддалечена 1,5 км јужно од селото и недалеку од границата со Грција. Истата година е извршено заштитно ископување при што е откриен уште еден гроб со прилози од керамички садови, копје и нож од железо и накит од бронза. Наодите се чуваат во Музејот на Македонија во Скопје.[1]
Поврзано
Наводи