Бел Камен — археолошко наоѓалиште во битолското село Рапеш. Претставува некропола од железно време. Се наоѓа на оддалеченост од 1,3 км источно од селото, на низок гребен што се спушта кон кањонот на Црна Река, каде се откриени гробови градени од камени плочи - тип циста, и во нив гробни прилози (керамички садови и накит од бронза). Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Битола.[1]
Поврзано
Наводи