Пешта или Градиште — археолошко наоѓалиште и тврдина во близина на селото Старавина.
Опис
Претставува населба и некропола од римско и доцноантичко време.[1]
Историја
Според некои докази, Пешта потекнува од периодот на владеењето на античкомакедонските владетели, поточно од IV век п.н.е. На местото постоел и град кој е поврзан со преданието дека тоа е родното место на кралот Филип II, имајќи го предвид историскиот податок дека тој слегол од планините и потоа ја изградил престолнината Пела, а најблискиот планински масив северозападно од Пела оној во мариовскиот крај. Во отоманскиот период, тврдината Пешта е местото каде што се засолниле жителите на мариовските села по враќањето на Калеш Анѓа и во неа останале под опсада десет години. По Мариовско-прилепската буна од 1564-1565 година, тврдината ја изгубила својата оригинална намена. Денес, тврдината е разрушена, што во голема мера се должи на бомбардирањето во текот на Првата светска војна.[2]
Поврзано
Наводи
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.
- ↑ „Макриевска, О. (2014). „Експертски извештај за историските знаменитости во општина Новаци“. Проект „Жива историја — жива природа. стр. 32-33.
Надворешни врски