Тумби — археолошко наоѓалиште во битолското село Рибарци. Претставува населба од неолитско време. Се наоѓа на северозападната периферија на селото, каде се забележуваат пет тумби наредени блиску една до друга, со пречник што се движи од 60 до 80 метри и зачувана височина од околу 2 метри, со исклучок на една која е малку повисока (2,50 м). На сите пет тумби по површината има множество фрагменти од керамички садови и парчиња од куќен лепеж.[1]
Поврзано
Наводи