Тумба Гробишта — археолошко наоѓалиште во битолското село Долно Агларци. Претставува населба од бронзено време. Се наоѓа на 500 м северно од селото и на околу 700 м источно од Црна Река. На површината што зафаќа простор од 50 × 70 м се среќаваат многубројни фрагменти од керамички садови. Во центарот на тумбата има плоча, вертикално забиена, со димензии од 1,25 × 0,33 × 0,21 м, на која на едната страна е врежан крст. Над крстот има полукруг, а лево и десно по едно мало крвче, а под нив правоаголна вдлабена површина и во неа врежан крст.[1]
Поврзано
Наводи