Влаку — археолошко наоѓалиште во битолското село Живојно. Претставува населба од неолитско време. Се наоѓа на зарамнетата тераса, оддалечена 1 км јужно од селото, која косо се спушта кон север, каде се среќаваат фрагменти од керамички садови. Во 1972 година било извршено пробно сондажно ископување. По површината има повеќе вдлабнувања настанати од пропаѓање на земјата поради присуство на рударски окна за копање на јаглен. Наодите се наоѓаат во Заводот и музеј во Битола.[1]
Поврзано
Наводи