Буквата Ә или „кирилична шва“ е кирилична буква, која ја користат несловенските апхаскиот, башкирскиот, дунганскиот, калмичкиот, курдскиот и татарскиот јазик. Буквата ја користеле и азербејџанскиот и туркменскиот пред воведувањето на латиницата за овие јазици.
Вредност
Во азербејџанскиот (порано), башкирскиот, калмичкиот, казашкиот и татарскиот оваа буква се користела за гласот /æ/. Често се романизирала со /ä/.
Во дунганскиот јазик оваа буква го означува гласот /ɤ/.
Во курдскиот јазик буквата го претставува темниот глас /ə/.
Во апхаскиот, буквата се користи за лабијализација на претходната согласка, /ʷ/. Диграфите со оваа буква се сметаат за посебни букви во апхаската азбука.
Кодирање
Знак |
Ә |
ә
|
Уникоден назив |
CYRILLIC CAPITAL LETTER SCHWA |
CYRILLIC SMALL LETTER SCHWA
|
Бр. систем |
дец. |
хекс. |
дец. |
хекс.
|
Уникод |
1240 |
U+04D8 |
1241 |
U+04D9
|
UTF-8 |
211 152 |
D3 98 |
211 153 |
D3 99
|
Бројчена ознака |
Ә |
Ә |
ә |
ә
|
Наводи
Поврзано