Ќ, ќ — буква од македонската азбука. Го означува гласот /c/ (безвучна преднонепчена избувна согласка). Оваа буква е паралелна со српската буква Ћ, но изговорот се разликува.
Во своето дело „За македонцките работи“, македонистот Крсте Петков Мисирков користи комбинација од к' за да ја претстави фонемата /c/. Гласот потекнува од кириличната ћ или глаголската .
Поврзано