Пси ( ) била буква од старословенското писмо, изведенка од грчката буква пси (Ψ, ψ). Го означува звукот /ps/, и се користела главно за странски зборови.
Пси била елиминирана од рускиот правопис заедно со Кси, омега и Јус во реформата од 1708 (т.н. Гражданка на цар Петар Велики), која го опфаќала и секојдневниот јазик. Буквата, се разбира, сѐ уште се користи во старословенскиот јазик.