А или во мала форма а (стара кирилица: , глаголица: Ⰰⰰ) — првата буква во старата кирилицата и во скоро сите денешни кирилски азбуки. Формата на буквата потекнува од формата на грчката буква алфа. Во старословенскиот јазик оваа буква се нарекувала аз () и имала бројна вредност 1. Кирилската буква има иста вредност, име и значење со глаголската буква ⰰ. Буквата се користи во сите кирилски азбуки, како на пример во македонската азбука, руската азбука, српската азбука, украинската азбука, белоруската азбука и монголската азбука. Според МФА, буквата има фонетска вредност /a/, додека кај некои несловенски јазици кои користат кирилица, буквата има вредност /ɑ/ (отворена а) или /ə/ (темен глас). Низ вековите можела да се сретне во повеќе форми сè додека не го добила денешниот изглед кој е ист со латинската буква A.
Буквата А во македонскиот јазик
Буквата А е првата буква од македонската азбука. Самогласката а се пишува во оние зборови што во некои наши говори се изговараат со темна самогласка, о или у, на пример: маж, рака (не: мож, рока, муж, рука и сл.). Така, со а се изговараат и пишуваат и:
- внатре, газер, гасеница, гнаса, гнасен, гради, гулаб, даб, длабок, длабочина, драг, желад, заб, забец и слично.
Покрај овие зборови, со букавата а се пишуваат и:
- јагне, јаганца, јајце, јаловица, јаготка, јаре, јарем, јасен, пријател, појас, обичај, случај, кочан, началник, печали, чаша, кошара, грамада (не грмада), страна и слично.
Во нашите дијалекти различно се изговараат придавките со наставка - ар, па така имаме итар, итор или итер. Во литературниот јазик се употребува само формата - ар.[1]
Кодна положба
Код на знакот |
Големина |
Децинала |
Хексидецимала |
Октална |
Бинарна
|
Уникод |
Голема |
1040 |
0410 |
002020 |
0000010000010000
|
Мала |
1072 |
0430 |
002060 |
0000010000110000
|
ISO 8859-5 |
Голема |
176 |
b0 |
260 |
0010110000
|
Мала |
208 |
d0 |
320 |
0011010000
|
KOI 8 |
Голема |
225 |
e1 |
341 |
0011100001
|
Мала |
193 |
c1 |
301 |
0011000001
|
Windows 1251 |
Голема |
192 |
c0 |
300 |
0011000000
|
Мала |
224 |
e0 |
340 |
0011100000
|
Наводи
Поврзано