Според истражувањата од 1971 година родови во селото се:
Стари родови со непознато потекло:Велковци (10 к.), Стефановци (8 к.), Шуклинци (5 к.), Терзинци (3 к.) и Зајци (2 к.)
Доселеници со познато потекло:Шарковчанци (10 к.) доселени се од некое село на Шар Планина; Попинци (5 к.) доселени се од некое село во околината на Ниш, го знаат следното родословие: Славко (жив на 50 г. во 1971 година) Цветан-Кипријан-Стојан, кој се доселил во селото; Дедо-Илијини (5 к.) доселени се од селото Коњух; Живуша (10 к.) и Дејловчани (5 к.) доселени се од селото Дејловце; Зајачка Дупка (3 к.) и Чифличани (5 к.) доселени се од селото Огут.[9]
Како и од другите села, така и од ова село голем дел од населението се има иселено. Младенови се иселиле во селото Макреш. Менкини целосно се иселиле во Куманово.[9]
Посилен бран на иселување започнал после 1960 година и водел воглавно кон најблиските градови.
Галерија
Поглед на црквата „Св. Прохор Пчински“ во Стрезовце
↑„Попис на Македонија“(PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 26 март 2017.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“