Населбата се наоѓа на територијата на Општината Старо Нагоричане. Аљинце е населба од разбиен тип, чии маала се наоѓаат на надморска височина од 480 до 720 метри. Од главниот пат Куманово-Крива Паланка населбата е оддалечена 8,8 км, а од централното место Куманово 31 км.
Историја
Стопанство
Атарот зафаќа простор од 10,5 км2. Најголема површина заземаат на 646,1 ха, потоа следи обработливото земјиште на површина од 304,9 ха, додека на шумите отпаѓаат само 26,1 ха. Селото има полјоделско-сточарска функција.[2]
Население
Население во минатото
Година
Нас.
±%
1948
372
—
1953
395
+6.2%
1961
374
−5.3%
1971
314
−16.0%
1981
154
−51.0%
Година
Нас.
±%
1991
92
−40.3%
1994
79
−14.1%
2002
38
−51.9%
2021
22
−42.1%
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Македонци.[3]
Аљинце е зафатено со одредена иселување на населението, такашто бројот на населението се намалил од 374 жители во 1961 година, на 79 жители во 1994 година.
Според пописот од 2002 година, во селото Аљинце имало 38 жители, сите Македонци.[4]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 22 жители, од кои 19 Македонци и 3 лица без податоци.[5]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Според истражувањата од 1971 година, родови во селото се:
Староседелци:Староселци (12 к.) Потекнуваат од овчар кој преживеал по пустошењето на старото село. Џамбасци (9 к.) гранка се од претходниот род.
Доселеници:Грујинци (10 к.), Градиштанци (6 к.), Трлци (6 к.) и Јабучанци (13 к.) доселени се, но не знаат од каде се. Во првиот род се знае следното родословие: Стојче (жив на 67 г. во 1971 година) Милан-Анѓел-Смилко.[10]
Џамбасци се иселени во Брешко. Костадинови, Мацанци, Доданци, Прчовчани, Јованови и Павлеви се иселени во пониското село Канарево. Алинчани се иселени во Макреш. Антинци се иселени во Облавце. Шопови се иселени во Вак'в. Иселеници од Алинце има и на следните места. Глогоњ кај Панчево, Куманово, Скопје, Бор и Белград.[10]
↑„Попис на Македонија“(PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 18 март 2017.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“